Вернер се прости со два погодоци и му донесе на Лајпциг 15 милиони евра (видео)

Во последното коло во Бундеслигата се одредуваа учесниците во Лигата на шампионите за следната сезона. Заедно со шампионот Баерн во меѓународната елита ќе играат Борусија Дортмунд, Лајпциг и Борусија Менхенгладбах, додека пласман испушти Баер Леверкузен.

Лајпциг мораше да триумфира на гостувањето кај Аугсбург и го стори тоа со помош на Тимо Вернер, германскиот репрезентативец кој го одигра последниот меч во дресот на Црените бикови.

Вернер во голем стил се прости од Лајпциг, стана клупски рекордер по бројот на погодоци, има вкупно 95 со денешните два, а воедно му донесе на екипата дополнителни 15 милиони евра покрај 60-те милиони евра како заработка од неговата преселба во Челзи.

Сумата од 15 милиони евра е награда за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите.

https://twitter.com/GJavoini/status/1276877936281423879

Вернер прво стрелаше во 28-та минута, а откако домаќините израмнија преку Варгас, Германецот мораше да забие уште еден гол за важните три бода и го стори тоа во 80-тата минута. Вернер сезоната ја заврши со 28 погодоци во Бундеслигата.

- Оглас -

Најнови вести