Ферстапен ја брани честа на Холандија на домашното Гран-при

Денеска од 15 часот се возат квалификациите од Формула 1 за Големата награда на Холандија. Легендарната патека Зандворт прави „камбек“ по пауза од 35 години, а најголем фаворит за пол-позицијата е домашниот возач, Макс Ферстапен.

На патеката нема да се појави Кими Раиконен кој е позитивен на коронавирус. На негово место, во болидот на Алфа Ромео ќе биде резервниот пилот Роберт Кубица.

Коефициентот во Sport Life за Ферстапен со болидот на Ред Бул да биде најбрз на квалификациите изнесува 1.65. Јасно, после него следува седумкратниот светски првак, Луис Хамилтон од Мерцедес, кој немаше баш и некои добри резултати на вчерашните тренинзи и му откажа моторот, што е реткост. Сосема извесно е дека овие двајца возачи ќе бидат најголеми фаворити и за утрешната трка, впрочем така е изминатава сезона во која се извозеа 12 трки.

Британецот е на првото место во генералниот пласман со 202.5 поени, а Верстапен следува до 199.5. Почетокот на утрешната трка е исто така закажан за 15 часот.

- Оглас -

Најнови вести