Верверица на теренот во Вашингтон, Цонга мртов ладен (Видео)

Францускиот тенисер Жо-Вилфред Цонга имаше несекојдневна ситуација, пред него застана верверица која го гледаше додека тој пиеше вода за време на пауза помеѓу гејмови, но тој не ѝ обрати внимние, па верверицата си замина.

Ова се случи за време на дуелот на Цонга со Карен Хачанов на АТП-турнирот од серијата 500 во Вашингтон, и тоа на централниот терен. Неповиканиот гостин брзо си замина, а потоа брканицата се пресели на трибините. Публиката го бараше животното кое се сокри некаде во првиот ред од трибините. Не знаеме како се заврши целата работа, но верверицата се избори за своите пет минути слава. Инаку, Цонга го доби дуелот со Хачанов.

- Оглас -

Најнови вести