Весел триаголник, олимписка шампионка во карантин живее со момчето и бившиот сопруг!

Британската пливачка Ребека Адлингтон, која пред 12 години беше двојна олимписка шампионка на 400 и 800 метри, има еден куп обврски за време на карантинот. Според некои фотографии објавени неодамна, таа живее заедно со нејзиното момче, но и со поранешниот сопругот, со кого има дете.

Адлингтон со поранешниот сопругот Хери има четиригодишна ќерка и наводно тој дошол да живее со нив во куќата во Манчестер, иако таму живее и сегашното момче на пливачката, Ендрју Парсонс. Популарната Беки е разведена со Хери од 2016 година, само по 18 месеци брак, но останале во пријателски односи најмногу поради ќерката Самер.

Сепак, откако се појави информацијата по медиумите дека сите живеат заедно во слога и љубов, 31-годишната пливачка го негираше тоа. Но, иако можеби не е 24 часа со нив, фотографиите од пред некој ден потврдуваат дека поранешниот сопруг доаѓа да ги посети и дека е во добри односи и со сегашното момче на неговата некогашна жена.

- Оглас -

Најнови вести