Весели го растажи лидерот во Евролигата (Видео)

Јан Весели одигра брилијантно во Москва и со серија атрактивни потези и забивања и 24 поени го предводеше Фенербахче до нова победа.

Турскиот тим игра феноменално во Новата година и ја забелеѓа шесттата победа по ред во Евролигата, а вечерва го урна и лидерот ЦСКА.

Покрај Весели кој беше најефикасен на мечот, се истакна и Нандо Де Коло со 22 поени. Поранешниот кошаркар на ЦСКА Москва имаше и 9 асистенции, убедливо најмногу на мечот што го добија Турците со 83:89.

https://twitter.com/EuroLeague/status/1352665951842525189?s=20

Фаворитот ЦСКА влезе во последната четвртина со предност од 3 поени, но одигра слабо во финишот и по петти пат сезонава загуби меч во Евролигата. Армејците останаа лидери, но со победи можат да ги стигнат и Барселона и Зенит Петербург.

Фенербахче конечно дојде во позитива и има 11 победи и 10 порази на 11. место на табелата во најсилната кошаркарска лига во Европа.

 

- Оглас -

Најнови вести