Вештерките се повампирија против Сампдорија

Беневенто со изненадувачка победа на гостувањето кај Сампдорија од 3-2, тргна во новата сезона во Серија А. Вештерките после 19 минути игра губеа со 0-2, но пред крајот на првото полувреме ја преполовија негативата, а во финишот со голот на Летиција во 88-ма минута, дојдоа и до трите бода.

Ова е шок за Сампдорија. Фабио Кваљарела 16-та сезона по ред даде гол во италијанското првенство, стана и трети стрелец во историјата на Само, изедначувајќи се со Џанлука Вијали со по 85, но беше повлечен од игра при 2-2. Гостите го искористија тоа и во финишот направија пресврт за голема радост.

Во Каљари, Лацио победи со 2-0, а еден од погодоците беше дело на Златната копачка од минатата сезона, Чиро Имобиле.

- Оглас -

Најнови вести