Веспрем е друга димензија за Пелистер, следува борба против Нексе за третото место во СЕХА

Екипата на Еурофарм Пелистер беше убедливо поразена со 41:27 од унгарскиот великан Веспрем со во полуфиналето од СЕХА лигата.

Битолчани едноставно потклекнаа пред ривалот каде што уште на самиот старт Унгарците наметнаа темпо ккое беше недостижно.

Најефикасен на средбата беше Микита Ваилупау со осум постигнати погодоци, додека во дресот на Еурофарм шест погодоци постигна Усама Хосни.

Пелистерци имаат шанса да го поправат впечатокот в недела кога ќе ги одмерат силите во мечот за третото место. Додека, пак во големото финале ќе играат Загреб и токму Веспрем.

 

- Оглас -

Најнови вести