Вест хем е тврд орев, ја одби понудата и на Граѓаните

Англискиот премиерлигаш Вест хем ја одби првата понуда на европскиот шампион Манчестер сити за Деклан Рајс.

Според англиските медиуми, понудата тешка 90 милиони евра (80 милиони отштета плус 10 милиони во бонуси) управата на Вест Хем експресно ја одбила, исто како што направи и со понудите на Арсенал.

И втората понуда на Арсенал беше тешка 90 милиони евра, но во Вест хем нема намера да прифати ниту една понуда ако таа не изнесува 100 милиони евра (116,4 милиони евра).

- Оглас -

Најнови вести