Вест хем го претстави првото големо засилување

Вест хем го официјализираше трансферот на Пабло Форналс, доскорешниот плејмејкер на Вилјареал, за сума од 27 милиони евра. Повремениот шпански репрезентативец потпиша петгодишен договор со Чеканите, а тој е второ најголемо засилување во клупската историја, зад Фелипе Андерсон.

Форналс беше еден од клучните играчи на „жолтата подморница“ во изминативе неколку години, изминатава сезона запиша два гола и три асистенции на 35 меча во Ла Лига. За неговите услуги се интересираше и италијанскиот вицепрвак Наполи, но желбата да игра во Премиер лигата беше пресудна во одлуката да потпише за тимот од Лондон.

Досега запиша два настапи за Црвента фурија, а и двата се против репрезентацијата на Босна и Херцеговина во мечеви од пријателски карактер.

- Оглас -

Најнови вести