Вест хем ќе преноќи на чело на табелата во Премиер лигата

Во првиот натпревар од четвртото коло во Премиер лигата, Вест хем како гостин го совлада Лутон со 2:1. Ова беше трета победа за Чеканите сезонава, имаат и едно реми и вечерва со 10 бода ќе преноќат на челот на табелата во Премиер лигата.

Лутон по три одиграни натпревари сезонава, има три порази и со гол разлика 2:9 се наоѓа на последното место на табелата.

Вест хем поведе во 37-та минута со голот на Боувен, а во финишот од мечот, во 85-та минута со голот на Курт Зума ги реши дилемите околу победникот. Лутон во последните моменти успеа да постигне гол преку Андерсон за конечни 1:2.

- Оглас -

Најнови вести