Вест хем ќе продолжи да победува

Џенаро Гатузо работи добро со оглед на ростерот што го има и очекувам Милан да ја победи Фиорентина. „Кецовите“ се реален исход на дуелите меѓу Атлетико и Еспањол, односно Корона и Легница, очекувам Вест мем да го добие лондонското дерби со Ватфорд, а германската пресметка меѓу двете најдобропласирани екипи во Бундеслигата најдобро е да се типува на голови, вели Панче Ќумбев во најавата на неговата нова анализа и пет предлог-типови за викендов.

 

Борусија Дортмунд – Борусија Менхенгладбах (петок, 20.30 часот)  

Дуел на две Борусии кои оваа сезона се хит во Бундеслигата. Можеби благ фаворит е домаќинот, но по киксот во претходното коло против Фортуна Диселдорф, не се осмелувам да типувам единица. Затоа ќе одиме со голови на двете страни и најмалку 3 гола на натпреварот.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.72)

 

Милан – Фиорентина (сабота, 15 часот)

„Миланезите“ мака мачат да ја стабилизираат формата. Но, со оглед на фондот на играчи со кои располага Џенаро Гатузо, и ова што го прават засега е добро. На домашен терен со Фиорентина секогаш се фаворити и затоа типувам единица.

Предлог тип: 1 (2.30)

 

Корона – Легница (сабота, 15.30 часот)

Корона игра добро на свој терен и мислам дека овој натпревар ќе го добие. Има добар ростер на играчи и заслужува да биде во горниот дел од табелата. Имаат три меча без победа и време е против Легница да ги освојат бодовите.

Предлог тип: 1 (1.75) 

 

Вест хем – Ватфорд (сабота, 16 часот) 

Серијата од четири победи на Вест хем очекувам да продолжи. Играат одлично и мислам дека се фаворити во однос на гостинот. Ватфорд има само една победа на последните 7 натпревари во Премиер лигата, малку се во пад и типувам дека ќе загубат на Олимпискиот стадион во Лондон.

Предлог тип: 1 (2.40)

 

Атлетико Мадрид – Еспањол (сабота, 16.15 часот) 

Овде е јасно кој е фаворит и затоа типувам едница со најмалку два гола во мрежата на гостите. Атлетико се бори за самиот врв и мислам дека момците на Симеоне ќе победат во овој натпревар.

Предлог тип: 1&Т1 (1.83)

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести