Вест хем конечно се разбуди од кошмарот и победи

Вест хем конечно стигна до бодови по пет кола во Премиер лигата, откако „чеканите“ славеа на гостувањето против Евертон со 3-1. По четири порази во низа, избраниците на Мануел Пелегрини се разбудија од кошмарот и проработеа кога беше најпотребно.

Јармоленко го отвори резултатот во 11-тата минута по асистенција на Арнаутовиќ, па по точно 20 минути подоцна Украинецот го запиша и својот втор погодок на мечот, воедно и во сезоната. Во истекот на првото полувреме Сигурдсон го намали водството на гостите, меѓутоа Арнаутовиќ во второто полувреме не дозволи изненадување и го реши победникот на мечот. Во 61-та минута стрелаше за конечни 3-1 на „Гудисон“, нанесувајќи им го првиот пораз на Евертон за оваа сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести