Вест Хем му се одмазди на Манчестер јунајтед и го елиминира од Лига купот (ВИДЕО)

Вест хем го победи Манчестер јунајтед со 1:0 во рамките на шеснаесетфиналето на Лига купот на Англија. Чеканите со овој триумф му се одмаздија на денешниот противник, откако само пред неколку дена доживеаја болен пораз во рамките на Премиер лигата.

Стрелец на единствениот и одлучувачки погодок беше Мануел Ланцини во деветтата минута.

Вреди да се напомене дека Црвените ѓаволи беа без Кристијано Роналдо во составот, кој беше видно променет од последниот меч во Премиер лигата. Бруно Фернандеш влезе во средината на второто полувреме, но не успеа да донесе позитивна промена во својот тим.

 

- Оглас -

Најнови вести