Вест Хем слави опстанок во Премиер лигата, му подари победа за јубилеј на капитенот Нобл (Видео)

Капитенот на Вест Хем, Марк Нобл доби вистински подарок од соиграчите за јубилејниот 500. меч, а и самиот си подари асистенција во победата од 3:1 против Ватфорд.

Чеканите набрзина ја разбија одбраната на гостите и со три гола за половина час во првото полувреме ги разрешија дилемите околу победникот и изборија опстанок во Премиер лигата.

Мајкл Антонио продолжи да ги решета противничките мрежи и со седмиот гол на последните пет меча во шестата минута му донесе предност на Вест Хем.

По него и Томас Соучек со трет гол на последните пет натпревари ја продолжи својата серија, а Чехот погоди за 2:0 во десеттата минута.

https://twitter.com/ItsDonUche/status/1284209633872293888?s=20

Потоа на ред дојде и славеникот Марк Нобл играч што настапи по 500-ти пат за Вест Хем и со 16 години и шест месеци најдолго игра во Премиер лигата од сите активни играчи. Јубилејот си го прослави со победа за опстанок и со асистенција за Деклан Рајс кој постигна прекрасен гол за 3:0 во 36. минута.

https://twitter.com/Mus7xb/status/1284211568213921799?s=20

Вест Хем со 37 бода е недостижен за Борнмут и Астон Вила кои имаат по 31 бод, бидејќи има и многу подобра гол-разлика од двата најзагрозени клубови, покрај веќе испаднатиот Норич.

За опстанокот стравува и Ватфорд со 34 бода, а голот на капитенот Трој Дини во 49. минута беше премалку за да се избегне пораз на „Олимпискиот стадион“ во Лондон.

- Оглас -

Најнови вести