Вест хем со гол во 90-тата минута стигна до титулата во Конференциската лига на УЕФА (Видео)

Екипата на Вест хем е освојувач на трофејот во Конференциската лига на УЕФА откако во финалето во Прага со 2:1 ја победи Фиорентина. За чеканите од Лондон ова е прв трофеј по пауза од 43 години, односно од пехарот во ФА купот во 1980 година.

Неинтересно беше првото полувреме, во кое двете екипи повеќе го чуваа сопствениот гол отколку да нападнат, па затоа најважниот момент по првите 45 минути беше крвавата глава на капитенот на Фиорентина, Бираги.

Во второто полувреме беа постигнати сите три гола. Вест хем поведе во 62-рата минута со голот на Бенрахма од пенал, откако ВАР-технологијата покажа дека Бираги играше со рака.

 

Малку се чекаше за Фиорентина да израмни. Бонавентура одлично се снајде во 67-мата минута и израмни на 1:1.

Делуваше дека нерешено ќе биде по 90 минути, но тогаш Вест хем изведе одлична контра, а Боувен успеа да погоди за 2:1, погодок кој значеше титула за лондонскиот клуб.

 

- Оглас -

Најнови вести