30.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Вест хем со подвиг каков што нема направено никој друг во Европа

Триумфот на Вест хем во Конференциската лига на УЕФА е вистински подвиг, посебно ако се знае каква беше сезоната за Чеканите. Лондонскиот тим играше лошо во домашното првенство, па во еден момент беше во опасност дека може и да испадне.

На крајот, не само што остана во елитното англиско друштво, туку Вест хем стигна и до европски трофеј по победата над Фиорентина од 2:1 во финалето на Конференциската лига.

Со победата над Фиорентина во регуларниот дел од средбата, Вест хем испиша историја. Тој е првиот клуб во Европа кој стигнал до трофеј во УЕФА натпреварување со тоа што имал повеќе победи отколку што имал триумфи во домашното првенство.

Вест хем во Премиер лигата заврши со 11 победи, а во Конференциската лига имаше 12 триумфи. Тимот заврши на 14-тото место во англиското првенство и тоа е најслабопласирана екипа во Европа што стигнала до пехар во УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести