Вест Хем со пресврт го совлада Лидс и го испрати со едната нога во Чемпионшип (Видео)

Екипата на Вест Хем забележа значајна победа од 3-1 на домашен терен над Лидс и официјално си го потврди статусот на премиерлигаш и за следната сезона. Од друга страна екипата на Лидс со едната нога е пред испаѓање и само чудо може да го спаси во последното коло.

Натпреварот започна одлично за гостите и Родриго уште во 17-тата минута донесе водство за Лидс од 0-1.

Сепак, после постигнатиот погодок гостите како да мислеа дека работата е завршена, па следуваше комплетен пресврт на Вест Хем. Во 31-вата минута Рајс израмни на 1-1, додека Боуен во 72-рата минута донесе комплетен пресврт за домашните и водство од 2-1.

Конечните 3-1 за Вест Хем беа дело на Ланзини во четвратата минута од судиското надополнување на регуларните 90.

 

Вест Хем со оваа победа се искачи на 14-тата позиција со 40 бодови и официјално си го обезбеди опастанокот во Премиер лигата. Лидс својот спас ќе си го бара во последното коло, но ќе зависи и од останатите екипи. Лидс има 31 поен, еден повеќе од Лестер кој има и натпревар помалку, но два помалку од Евертон кој е во сигурната зона.

- Оглас -

Најнови вести