Вестбрук им се приклучи на Ракетите во Орландо

Расел Вестбрук ѝ се приклучи на екипата на Хјустон рокитс по седум дена откако беше позитивен на ковид-19. Ѕвездата на Ракетите во следните 48 часа ќе биде изолиран во посебна соба во комплексот на „Дизни“ во Орландо, а ќе добие дозвола да тренира со екипата по два негативни теста за корона-вирусот.

Вестбрук е сложувалката која недостасува кај Хјустон во пресрет на рестартот на сезоната во НБА-лигата, кој е предвиден за 30 јули. Покрај Џејмс Харден, екскошаркарот на Оклахома е најефикасен во составот на Мајк Д’Ентони со просек од 27,5 поени по натпревар пред прекинот на првенството.

Засега не е познато дали Вестбрук ќе игра во првиот меч, во кој Хјустон ќе се сретне со Далас маверикс во тексашкото дерби, но дефинитивно наскоро ќе се приклучи на подготовките.

- Оглас -

Најнови вести