Вестбрук немаше милост кон „својата“ Оклахома, ниту пак Харден (видео)

Хјустон рокитс влезе во победнички ритам благодарение на Вестбрук и Харден со победата над Оклахома сити тандер од 116:112. Ексиграчите на Оклахома комбинираа 61 поен, од кои 40 поени запиша Брадата, додека Вестбрук за една асистенција не оствари трипл-дабл (21 поен, 12 скока и 9 асистенции) против екипата за која настапуваше до пред неколку месеци.

Харден иако беше расположен да дава кошеви, заврши со лош учинок од линијата за три поени (3/14), но за високиот учинок му помогнаа слободните фрлања, реализира 21 од 22 обиди. Шрудер и Гилџус-Александер со по 22 поени беа најефикасни за Оклахома.

https://www.youtube.com/watch?v=xkZkonEfDSI

 

ЛА клиперс стигна до третата овосезонска победа со конечни 111:96 против Шарлот. Разбирливо, Кавај Ленард ја предводеше екипата од Лос Анџелес со 30 поени, а во статистиката од 7 асистенции и 6 скока, популарната Канџа имаше и три блокади, како и две украдени топки.

На Ленард му беа потребни помалкуод 30 минути да го оствари ефикасниот учинок против атусајдерот Шарлот.

Денвер нагетс има „три од три“ на стартот од сезоната по триумфот над Кингс на гостувањето во Сакраменто со конечни 101:94. Никола Јокиќ го доби српскиот дуел против колегите од репрезентацијата Богдановиќ и Бјелица, корпулентниот центар реализира само 9 поени, но со 13 скока доминираше во рекетот.

Џамал Мареј имаше солидни 18 поени во третиот последователен триумф на Денвер, додека за Сакраменто не беа доволни комбинираните 44 поени на Холмс (24) и Фокс (20).

https://www.youtube.com/watch?v=lO9ehkvPuRs

Останати резултати:

Детроит пистонс 96:94 Индијана пејсерс, Њујорк никс 105:98 Чикаго булс, Атланта хокс 103:105 Филаделфија сиксерс, Торонто репторс 104:95 Орландо меџик, Милвоки бакс 109:112 Кливленд кавалирс, Њу Орлеанс пеликанс 123:134 Голден стејт вориорс, Сан Антонио спарс 113:110 Портланд трејлблејзерс, Феникс санс 95:96 Јута џез.

- Оглас -

Најнови вести