Вети и го исполни тоа: Покетино откри што му ветил Мбапе пред дуелот со Барселона

Килијан Мбапе блесна во вчерашното дерби со постигнат хет-трик во победата на ПСЖ од 4-1 на гостувањето кај Барселона. Младата француска ѕвезда имаше свое шоу, а сега е познато зошто делуваше дека е полн со самодоверба.

Во пресрет на мегадуелот, Мбапе му ветил на својот тренер Маусирио Покетино дека ќе му ја донесе втората победа против Барса во неговата тренерска кариера, а аргентинскиот стратег го откри тоа вчера по мечот.

„На последниот тренинг пред натпреварот, Килијан ме праша колкупати сум победил како тренер на „Камп ноу“. Му кажав дека тоа ми се случи еднаш во 2009 година како тренер на Еспањол. Потоа кратко ми порача: Утре ќе славиш по вторпат“, истакна Покетино по победата.

Реваншот во Париз е закажан за 10 март.

 

- Оглас -

Најнови вести