Ви посакуваме среќа ако играте на Мундијалот, но ние ќе одиме таму (Фото)

Дел од македонските навивачи, а и португалски кои не се од Порто, синоќа пристигнаа во градот, па неизбежно беше да имаат средба. И едните и другите беа позитивно расположени и оптимисти дека нивната репрезетатација ќе победи и ќе се пласира на Мундијалот во Катар.

Во духот на ферплејот, фановите си посакаа да победи подобриот на вечерашниот дуел, а Португалците им порачаа на нашите дека на СП ќе навиваат за Македонија, но веруваат дека сепак нивната Португалија ќе оди во Катар. Слични беа пораките и од Македонците, кои по големиот триумф во Италија, веруваат дека може да приредиме уште едно големо изненадување.

- Оглас -

Најнови вести