Видал не ја ферма забраната на италијанската лига, ќе игра за Чиле

Неколку часа откако италијанската лига Серија А им се придружи на англиската Премиер лига и на шпанската Ла Лига во поддршката до клубовите да не им дозволат на своите играчи да настапат за репрезентациите во јужноамериканските квалификации за СП 2022, Артуро Видал, кој е член на Интер, објави дека ќе игра за Чиле.

Видал на „Инстаграм“ објави дека е среќен што ќе игра во неговиот омилен дрес на националниот тим и дека ќе биде таму со цела душа и срце. Засега не се знае дали Видал добил специјална дозвола од Интер да игра или ова е бунтовнички акт. Чилеанците во септемврискиот циклус треба да играат со Бразил, Еквадор и Колумбија.

Серија А објави дека ако некој фудбалер ја напушти Италија, по враќањето во земјата мора да седи во изолација.

- Оглас -

Најнови вести