(Видео) Леброн со трипл-дабл се израмни со Чембрлен, во Атланта му скандираа „Коби е подобар“

Атланта хоукс ја одигра можеби и најдобрата партија кошарка сезонава во НБА, го победија Лос Анџелес лејкерс со 117:113, а  навивачите на домашниот тим стасаа и да го поздрават Леброн Џејмс на ироничен начин. Во текот на мечот неколкупати му скандираа на предводникот на гостинскиот тим „Коби е подобар“. Секако се однесува на Коби Брајант, претходниот лидер на тимот од Ел-Еј.

Џејмс постигна трипл-дабл со комбинација од 28 поени, 16 асистенции и 11 скокови, но и тоа не беше по вкус на домашните навивачи во „Стејт Фарм“ арената во Атланта. Јанг и Колинс со по 22 поени беа предводници во само 19.  победа на Хоукс во 57 меча во досегашниот дел од сезоната во НБА лигата.

Леброн со новиот трипл-дабл стаса на делба на петтото место во историјата на НБА заедно со Вилт Чембрлен, по бројот на троен ефект на вкупно 78 натпревари.

Најлош меч во кариерата одигра Ентони Дејвис НБА ѕвезда со статус незадоволен во Њу Орлеанс пеликанс. Постигна само 3 поени, што му е најлош ефект откако настапува во најсилната лига на меч на кој играл над 20 минути. За 24 минути погоди само еднаш од 10 обиди и уфрли едно од двете слободн и фрлања. И по мечот имаше интересна изјава.

„За никаде сме. Изгледа на никого не му се игра кошарка во Њу Орлеанс. И кога против вас е тим што е екстра мотивиран ефектот е очекуван, пораз со 30 поени разлика“, изјави Дејвис.

Орландо беше разигран и го декласира Њу Орлеанс со 118:88, а најефикасен на мечот беше црногорскиот репрезентативец Никола Вучевиќ.

Резултати: Атланта – Л.А. лејкерс 117:113, Мемфис – Сан Антонио 107:108, Њу Орлеанс – Орландо 88:118, Филаделфија – Бостон 109:112, Голден стејт – Јута 115:108.

- Оглас -

Најнови вести