(Видео) Раул ќе танцува со „волците“ до 2023 година, Бенфика доби 35 милиони евра

Раул Хименес ќе танцува со „волците“ до 2023 година, откако денеска Вулверхемптон објави дека ѝ платил на Бенфика 35 милиони евра за мексиканскиот репрезентативец и потоа со него потшишал договор за следните 4 години.

Хименес досега официјално беше играч на Бенфика, но со договор Вулверхемптон да има право да го откупи комплетно договорот за 35 милиони, што клубот од Англија без размислување и го стори тоа.

Хименес сезонава игра фантастично и веќе постигна 19 голови за Вулфс во сите натпреварувања, што е учинок за респект. Дванаесет од нив Раул ги постигна во Премиер лигата, а дека е одличен играч, потврдуваат и седмуте асистенции.

Има 27 години, а оваа сезона му е најдобра во Европа, откако три сезони играше за Бенфика и една претходно за Атлетико Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести