(Видео) Со левата се лизна и десната не беше мирна – Го имаме автоголот на сезоната

Зињо Ванхојзден, стоперот на Стандард Лиеж, е трагичар на дербито со Бриж во белгиското првенство и си постигна неверојатен автогол.

Младиот играч на третопласираната екипа во Белгија, кој има само 19 години, се лизна во обид да ја избие топката од пред својот гол и потоа несмасно ја упати кон мрежата на Гилјермо Очоа.

Ванхојзден со тој погодок му помогна на големиот ривал Бриж да дојде до предност од 1-0, а потоа следуваше потоп на тимот од Лиеж и убедлив пораз од 4-0 на „Јан Брејдел“ во Бриж.

Погледнете го автоголот на Ванхојзден, кој сигурно ќе конкурира за најавтогол на сезоната.

https://streamable.com/70qlc

- Оглас -

Најнови вести