(Видео) Цело е кога има сè – Феликс дава голови за Бенфика, братот му ги додаваше топките

Жоао Феликс е еден од најголемите таленти во Европа, велат дека вреди 100 милиони евра, а за него се интересираат европските гиганти и веројатно ќе си замине од Лисабон уште летово.

Дотогаш ќе игра за Бенфика, а неговата приказна е интересна. Постигна четири гола на последните два меча, три против Ајнтрахт и еден со Сетубал, а на двата меча неговиот брат Уго му ги додаваше топките. Уго е член на Бенфика во помладите категории  и честопати е во улогата на таканаречените „болбој“, или деца што ги враќаат топките кога тие ќе завршат во аут или гол-аут.

Засега братската врска функционира беспрекорно – кога Уго додава, Феликс погодува за Бенфика.

https://twitter.com/SkyFootball/status/1118060842518548480

- Оглас -

Најнови вести