Видиќ: Кун Агуеро беше роден за дефанзивец

Поранешниот одбранбен фудбалер на Манчестер јунајтед, Немања Видиќ, кој во својата кариера водеше битки со некои од најопасните напаѓачи на светот, даде интересно мислење за Серхио Агуеро од Манчестер сити.

„Тој на теренот делуваше како да не е заинтересиран. Не изгледаше како некој што ќе претрча 10 метри и одеднаш ќе тргне во спринт. Убеден сум дека Агуеро беше роден да биде дефанзивец. Знае да процени каде ќе оди топката и каде може да нападне. Во 16-никот е опасен бидејќи против високите англиски дефанзивци му помага нискиот центар на гравитација и брзите промени на правецот во којшто трча. Играв против него кога загубивме со 1-4, тоа беше мој најлош меч во Јунајтед“, вели Видиќ.

Србинот загуби две финалиња во Лигата на шампионите од Барселона за која играше Лионел Меси.

„Меси беше опасен, но предвидлив. Гвардиола му ја смени позицијата и му помогна да напредува. Потоа цел тим играше за него“, додава Видиќ.

- Оглас -

Најнови вести