Видиќ сериозен кандидат за претседател на фудбалскиот сојуз на Србија

Некогашниот капитен на Манчестер јунајтед, Немања Видиќ, се спомнува како еден од најсериозните кандидати за нов претседател на фудбалскиот сојуз на Србија. ФСС остана без челник, откако Славиша Кокеза си поднесе оставка. До изборот на претседател, функцијата привремено ќе ја врши Марко Пантелиќ, кој му беше заменик на Кокеза.

Се шпекулира дека освен Видиќ кој е фаворит во анкетите, кандидати за претседатели на ФСС се и Звездан Терзиќ, Жарко Зечевиќ, Драган Симовиќ и Зоран Лаковиќ.

Сега пред репрезентацијата чиј капитен некогаш беше Видиќ, претстојат важни мечеви од квалификациите за СП, а по нивното завршување, ќе почне борбата за тронот. Проблем за Видиќ е што тој не е член на Собранието, па според сегашниот Статут, тој нема право да се кандидира. Тој не е популарен кај членовите на Собранието, бидејќи во голем дел тоа се луѓе на Кокеза, а Видиќ неодамна жестоко го нападна нивниот шеф по испаѓањето од Шкотска во баражот за ЕП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести