Видливоста била слаба, но Коби Брајант одлучил хеликоптерот да полета

Коби Брајант, неговата 13-годишна ќерка и уште седуммина други луѓе синоќа настрадаа во хеликоптерска несреќа во Лос Анџелес. Според деталите кои ги изнесоа од полицијата, временските услови биле непогодни за лет. Имало магла и не биле задоволени ниту минималните условите за летање.

„Временските услови не беа во согласност со минималните стандарди за летање. На таква магла не смеело да се лета“, изјави гласноговорникот на полицијата во ЛА, кој додаде дека во неделата наутро било решено да не полета ниту воздушната поддршка на ЛАПД.

Според правилата за летање во САД, минималната видливост за летање треба да биде 3,2 километри.

Хеликоптерот се урнал на 20-тина километри од ЛА, а патувал кон местото на кое кошаркарски меч требало да одигра неговата ќерка Џиџи.

За деталите околу тоа како се движел КОБНИОТ ЛЕТ НА БРАЈАНТ, ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести