Виера мислеше дека првпат ќе се радува на пораз на Арсенал, и тогаш шок (Видео)

Тотенхем останува единствен тим кој загубил сезонава од Кристал палас. Палас вечерва беше на прагот да му нанесе пораз и на Арсенал, но дуелот на стадионот „Емирати“ во Лондон заврши 2-2. Топчиите водеа со 1-0 по првото полувреме, па губеа со 1-2, а Лаказет во 95-тата минута ги постави конечните 2-2.

Арсенал од јули 2020, кога одигра 1-1 со Лестер, до вечерва ги имаше добиено сите 15 премиерлигашки мечеви на кои водеше по првото полувреме. На Топчиите им заврши и позитивната низа резултати кои ги имаа во понеделниците. На последните седум лигашки мечеви дома во понеделник, Арсенал имаше седум победи и гол-разлика 15-2. Обамејанг го даде осмиот гол во девет понеделнички мечеви.

Тренер на Палас е Патрик Виера, една од иконите на Арсенал со одиграни 279 меча во Премиер лигата. Французинот девет сезони играше за Арсенал и беше капитен на „непобедливите“ во сезоната 2003/2004, кога тимот освои премиерлигашка титула без ниту еден пораз. Тој е само четвртиот човек што играл за Арсенал, а подоцна водел тим на меч против Топчиите.

Во Палас треба да бидат среќни што останаа со цел состав на теренот бидејќи во првото полувреме Мекартур имаше груб фаул над Сака, за кој требаше да добие црвен картон. Ако Мекартур беше исклучен, тешко дека гостите ќе останеа непоразени.

Ова е среќниот гол на Лаказет за 2-2:

- Оглас -

Најнови вести