Виери: Сè е можно, па затоа Интер уште има шанса за титула

Некогашниот италијански голгетер Кристијан Виери речиси 20 години беше дел од италијанската Серија А. Фудбалерот кој постигна над 200 погодоци во кариерата бил играч на Торино, Пиза, Равена, Венеција, Аталанта, Јувентус, Лацио, Интер, Милан, Сампдорија и Фиорентина, но најдолго се задржа во тимот на Интер.

Од 1999 до 2005 година Виери го носеше дресот на Интер, додека во Милан остана само краток период, па можеби и затоа некогашниот голгетер има повеќе симпатии кон Нераѕурите и верува дека тие може да стигнат до титулата.

На две кола до крајот на првенството, Милан има два бода повеќе од Интер. Росонерите во следното коло играа дома против Аталанта, а Виери, кој играше и за тимот од Бергамо, вели дека сите опции се во игра.

„Аталанта може да победи секого, како на домашен така и на гостински терен. Во последните две кола може сè да се случи. Може да има изненадувања, но тоа е и убавината на фудбалот. Ништо не е сигурно“, вели Виери.

Додека Милан се подготвува за дуелот против Аталанта, Интер ги има последните подготовки за утрешниот дуел против Јувентус во финалето од Купот на Италија.

- Оглас -

Најнови вести