Викенд-лудилото ќе биде во Турција

Турската Суперлига утре ќе доживее кулминација. Ќе се игра последното коло, кое треба да го даде и новиот шампион. Трите најтрофејни клубови се во трка за трофејот.

Бешикташ претрпе два порази во последните две кола, но и понатаму е лидер на табелата со 81 бод, колку што има и второпласираниот Галатасарај. Во меѓусебниот дуел на овие два тима, Бешикташ дома победи со 2:0, а Галатасарај на свој терен славеше со 3:1, па на крајот може да решава и гол-разликата.

Трет на табелата е Фенербахче со 79 бодови, кој има само теоретска шанса за титула, но не е невозможно да стигне до трофејот. Последното коло во Турција се игра утре, а сите три претенденти за пехарот играат од 19:30 часот.

Двојки за последното коло кои ќе го решат шампионот:

Галатасарај – Јени Малатијаспор

Ѓозтепе – Бешикташ

Кајсериспор – Фенербахче

 

- Оглас -

Најнови вести