Вилијамсон со ѕверско забивање го навали кошот на мечот на Ѕвездите во подем (Видео)

Кошаркарите кои се дебитанти и втора сезона во НБА лигата, приредија шоу за публиката во „Јунајтед центарот“ во Чикаго на отворањето на ол-стар вкендот. Тимот на САД го победи тимот од остатокот на светот со 151-131, во финишот не се играа одбрани, туку играчите се обидуваа да забијат што е можно поатрактивно, имаше и многу неуспешни обиди.

Моментот кој ќе се памети од овој меч наречен Ѕвезди во подем, беше во втората четвртина кога првиот пик на драфтот, Зајон Вилијамс, при едно забивање ја извести конструкцијата на кошот и ја навали таблата.

На крајот на првото полувреме, Лука Дончиќ погоди тројка и се загреа за главниот ол-стар кој ќе се игра в недела вечер.

- Оглас -

Најнови вести