Вилијан моли за прошка, откако му пропадна трансферот во Тотенхем

Хозе Вилијан моли за прошка во Сан Себастијан, откако му пропадна трансферот во Тотенхем, а вели дека се надева дека повторно ќе биде стандарден во составот на Реал Сосиедад.

„Ги молам навивачите да ми простат. Секако ова е и апел до соиграчите, тренерите и сите во клубот. Ова ми беше животна прилика да играм во Англија. Се надевам дека многу брзо повторно ќе ги придобијам симпатиите на Аноета“, изјави Вилијан.

Бразилецот беше на прагот да се пресели во Лондон, но на крајот Тотенхем го купи многу помладиот шпиц на ПСВ Ајндховен, Стивен Бергвајн за 30 милиони евра.

Вилијан е прв стрелец на Реал Сосиедад со 8 гола, а го паметиме по четирите гола што му ги даде на Вардар во победата на шпанскиот тим од 6:0 во меч од Европа Лигата пред три години.

 

- Оглас -

Најнови вести