Вилјареал го врати клупскиот рекордер на „Мадригал“

Џузепе Роси своите најдобри партии ги пружи во дресот на Вилјареал, па затоа е и логично што се врати на „Мадригал“. Клубот му овозможи да тренира со првиот тим додека бара ангажман, додека Италијанецот се надева дека ќе добие договор од Жолтата подморница.

Роси веќе една година е надвор од натпреварувачки погон откако му заврши соработката со Џенова во јуни 2018 година, но и тешките повреди со кои се бореше низ годините поради кои помина вкупно три и пол години на боледување, го спречуваат веднаш да ја добие довербата на Вилјареал. Затоа клубот одлучи да му даде шанса да тренира под надзор на стручниот штаб, па ако сè биде во ред, ќе добие и прилика да се наметне во шпанскиот прволигаш.

Роси е запишан како најдобар стрелец во историјата на Вилјареал, со 82 гола на 191 натпревар, а во текот на својата кариера настапуваше уште за Манчестер јунајтед, Њукасл, Парма, Фиорентина, Леванте, Селта Виго и Џенова, додека за Аѕурите запиша 30 меча на коишто постигна осум погодоци.

- Оглас -

Најнови вести