Вилјареал и ПАОК не би требало да ги испуштат трите бода

1980 ПАОК – Левадијакос (17.00 часот)

Домашните се огромни фаворити на овој меч според сите параметри. По 19 кола, ПАОК е четврти и има само два порази, додека Левадијакос има само две победи и трети е од долу на табелата. Левадијакос во претходните две кола играше нерешено 0-0, тие се тим само со 10 постигнати гола сезонава. ПАОК има примено скромни 11 гола, па изненадување би било ако гостите дадат гол во Солун. На последните две гостувања на „Тумба“, Левадијакос губеше со по 0-5, но во октомври дома против ПАОК извлече реми од 1-1.

Предлог тип: 1-1 (1.70)

 

3613 Удинезе – Верона (20.45 часот)

Верона победи двапати во последните три кола и полека се извлекува од дното на табелата во Серија А, но уште е заглавена во зоната на испаѓање, а Удинезе, кој е седми, минатото коло конечно победи прекинувајќи црна серија. Верона уште од 2014 година не победила во Удине, а есеноска беше 2-1 за Удинезе, кој победи со гол во 93-тата минута.

Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.66)

 

1116 Дерби каунти – Вест хем (20.45 часот)

Ова е дуел од 16-финалето на ФА купот во Англија. Како премиерлигаш, Вест хем е фаворит, но и членот на Лига 1 има свои сметки во овој меч. Дерби е супер серија, последниот пораз им беше од Ливерпул во Лига купот, и тоа на пенали. Дерби има серија од пет меча со 3+ гола, а последните три меча на Чеканите беа со 0-2 гола. Овие клубови повеќе од една деценија немаат играно меѓу себе.

Предлог тип: ГГ (1.80)

 

1310 Вилјареал – Рајо Валјекано (21.00 часот)

Жолтата подморница ја има втората најдобра одбрана во шпанската лига, но имаат дадено помалку голови од Рајо. Вилјареал се бори за место во ЛШ, а има само пет бода повеќе од Рајо, кој претрпе два пораза во последните три кола. Традицијата е апсолутно на страна на домашните, последните седум меѓусебни дуели во предградието на Валенсија завршуваа со победа на Вилјареал.

Предлог тип: 1 (1.73)

 

1321 Сарагоса – Понферадина (21.00 часот)

Ова е дуел на два тима од долниот дел на табелата во втората шпанска лига. Во последните три кола, двата тима имаат ист биланс, по една победа, пораз и реми. Сарагоса е за нијанса подобра, има четири бода повеќе. Есеноска Сарагоса на гости победи против Понферадина со 2-1, а Понферадина никогаш не победила во Сарагоса, но во минатата сезона извади 1-1.

Предлог тип: 1 (1.85)

- Оглас -

Најнови вести