Винисиус џабе толку шутираше, Барса од два удари даде три гола

Барселона уште еднаш помина триумфално на „Сантијаго Бернабеу“. Каталонскиот гигант овојпат со 3-0 го победи големиот ривал Реал Мадрид и на тој начин се избори за место во финалето на Купот на Шпанија.

Иако победата на Барселона е убедлива, Реал може да жали што нема да игра во финалето. Кралскиот клуб, посебно во првото полувреме, се изнапромашува, а потоа во вториот дел беше казнет. Статистиката на крајот покажува дека Реал упатил дури 14 удари кон голот на противникот, но не погоди ниту еднаш.

Најактивен во нападот беше младиот Винисиус, за кого се најавува дека ќе биде новата голема ѕвезда на Реал. Винисиус упати дури шест удари кон голот на Тер Штеген, но залудно. Колку само за споредба, целиот тим на Барселона вкупно четири пати шутна кон голот на Реал, а даде три гола. Од тие четири удари, два беа само во рамките на голот на Навас. Тоа е само показател за уште еден квалитет во играта на актуелниот шпански шампион и освојувач на Купот на оваа земја.

- Оглас -

Најнови вести