Винисиус даде три од последните четири гола за Реал против Ливерпул, квотата да даде гол и вечерва е супер (Фото)

Специјалниот сингл на Sport Life посветен на мегапресметката од осминафиналето во фудбалската Лига на шампиони помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид нуди доста интересни опции за обложување, кои може да ви донесат солидна заработка.

Една од најпопуларните игри е да се погоди првиот стрелец на мечот, а тука е и варијантата да се погоди дали некој играч ќе даде гол кога било во текот на средбата. На последните три меѓусебни дуели на Ливерпул и Реал, Кралскиот клуб даде четири гола, од кои три беа дело на Бразилецот Винисиус, а последниот пат кога се сретнаа на „Енфилд“ мечот заврши 0-0 (квотата дека нема да падне гол е 16.0).

Квотата за Винисиус дека ќе биде прв стрелец е 7.00. Поголеми шанси од Вини за прв стрелец им се даваат на Карим Бензема, Мохамед Салах и Дарвин Нуњез.

Тука е и играта кој тим ќе има почетен удар. Црвените кога играат дома, нивниот капитен обично бира страна, а топката за почетен удар им ја препуштаат на гостите. Но, прашање е на чија страна ќе се падне паричката која ќе ја потфрли судијата.

Може да се обложите на корнери, картони, пенали, удар на гол, начин на прв гол, минута на прв гол, прва замена, комбинација на стрелец со победник итн. Широка е лепезата на игри во Специјалниот сингл, ваше е да имате добро претчувство и да уплатите.

- Оглас -

Најнови вести