Винисиус имал три години кога Рамос последен пат одиграл сезона без погодок

Со триумфот во Памплона, Реал Мадрид го одржа победничкиот ритам во Ла Лига и се зацврсти на врвот на табелата, а меѓу стрелците за 4-1 се запиша и капитенот Серхио Рамос. Тоа беше негов 90-ти погодок во белиот дрес, со јубилејот го најави пресвртот против аутсајдерот.

Рамос инаку сезонава брои три гола во шпанското првенство, а вкупно пет оваа сезона. Стоперот одамна се осигури да ја продолжи низата во 17 последователни сезони да постигне барем еден гол, а кога последен пат одиграл сезона без погодок, неговиот соиграч Винисиус јуниор имал само три години. Всушност, тоа беше дебитантската сезона во дресот на Севилја, 2003/04.

Иако е дефанзивец, трофејниот лидер на Кралевите има постигнато доста важни погодоци за екипата со кои вечно ќе остане запаметен. Меѓу нив е израмнувачкиот гол против градскиот ривал Атлетико Мадрид во последните секунди од финалето во ЛШ во сезоната  2013/14, по кој Реал успеа да слави во продолженијата со 4-1 и да ја освои десеттата европска титула.

- Оглас -

Најнови вести