Виолетова револуција – Фиорентина го чека директорот Липи, за тренер го подготвуваат Гатузо

Рок Комисо, италијанско-американскиот милијардер и сопственик на Фиорентина има одличен план со кој во Фиренца би го привлекол легендарниот тренер Марчело Липи, во улога на технички директор, а можен шеф на стручниот штаб би бил Џенаро Гатузо.

Комисо има пари за да ја оствари целта, а пристигна во Фиорентина во јуни 2019 година, но резултатите не се по негов вкус. Човекот што е проценет на богатство од 9 милијарди долари има намера да направи големи промени во клубот, а Липи е прва цел.

Човекот што освои 13 трофеи со Јувентус би бил идеален за да го спроведе главниот план во кус рок, а тоа е Фиорентина да биде сериозен кандифдат и конкурент за позициите што водат во Лигата на шампионите, а потоа и да се трка за Скудетото.

Комисо верува дека Липи без проблем може да го однесе Гатузо за тренер на Фиорентина, како успешен тандем што ја освои и светската титула на Мундијалот во 2006 година.

Тогаш Липи беше селектор на „Аѕурите“ а Гатузо беше една од главните алки на теренот во походот на последната четврта светска круна што ја има Италија.

 

- Оглас -

Најнови вести