Вирџил играше против сите светски ѕверки и никој не го надигра

Вирџил ван Дајк само потврди дека заслужено е најдобар играч во Премиер лигата за сезоната 2018/19 во избор на фудбалерите што играат во Англија, со уште една одлична претстава против Барселона.

Во период од 400 и неколку денови стоперот на Ливерпул играше со дузина светски познати фудбалски ѕверки, а Англичаните објавија податок дека никој од нив не успеал да го издрибла или да го мине во дуел еден на еден.

А, Ван Дајк во овој период играше против Меси, Роналдо, Суарес, Нејмар, Мбапе, Стерлинг, Агуеро, Бензема, Сон, Азар, Кејн, Кавани, Мертенс, Инсиње, Погба, Сане, Бејл, Модриќ и многу други познати и признати фудбалски марки.

Ливерпул предводен од Ван Дајк како командант на одбраната игра импресивно сезонава, веќе се пласира во финалето во Лигата на шампионите, а има и шанси за титулата во Премиер лигата, иако пред стартот на последното коло Манчестер сити е во предност со еден бод повеќе.

- Оглас -

Најнови вести