27.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Вирц пристигна во Англија на лекарски прегледи (Видео)

Флоријан Вирц веќе се наоѓа во Англија и ќе ги помине задолжителните лекарски прегледи пред официјализацијата на неговиот трансфер во Ливерпул. Германскиот репрезентативец пристигна во Манчестер пред да се упати кон Мерсисајд, каде што ќе потпише долгорочен договор со актуелниот шампион на Англија.

По долги преговори меѓу Ливерпул и Баер Леверкузен, двете страни конечно постигнаа договор за трансферната сума. Англискиот гигант ќе плати 116 милиони фунти откако претходните три понуди беа одбиени од страна на Германците, кои бараа околу 150 милиони евра (127 милиони фунти).

Вирц, кој се етаблира како една од најсјајните ѕвезди во Бундеслигата и како ново лице на германската репрезентација, ќе му биде на располагање на Арне Слот уште од почетокот на претсезонските подготовки.

- Оглас -

Најнови вести