Висок ризик во Истанбул – имаше 13 исклучувања на последните шест дуели

Фенербахче од 17 часот го пречекува Бешикташ во истанбулското дерби, а статистиката покажува дека големи се шансите судијата да покаже црвен картон. На последните шест меѓусебни пресметки на овие тимови, имаше дури 13 исклучувања!

Ако се земат во предвид последните 20 дербија, билансот е 15 црвени и 119 жолти картони. Особено во опасност се гостите, кои на последните три меча со Фенер, добиле пет црвени картони. Врв беше дуелот од сезоната 2017/2018, кога дури пет фудбалери го завршија мечот предвреме поради недисциплина.

Овие бројки најавуваат меч од висок ризик, сигурно дека и атмосферата на трибините ќе биде пеколна.

- Оглас -

Најнови вести