Вистински момент за Фирмино да ја крене публиката на „Енфилд“ на нозе

Верувале или не, Роберто Фирмино сезонава нема постигнато ниту еден гол на „Енфилд“, каде што Ливерпул ги игра своите натпревари како домаќин. Главниот шпиц на Црвените сезонава има дадено осум гола во Премиер лигата и два во Лигата на шампионите, но сите овие 10 голови Бразилецот ги постигна на гостински терен. Пред домашната публика сезонава уште нема реализација.

Ова е мотив плус за него конечно да погоди и на „Енфилд“ и да му помогне на својот тим да го надомести негативниот резултат од првата средба против Атлетико Мадрид кој ја има една од најдобрите одбрани во Европа. Серијата на Фирмино без постигнал гол на „Енфилд“ е 19 меча по ред!

На тие 19 меча, популарниот Боби имаше 58 шутеви кон противничките голови, 17 беа во рамките на голот, но постот без гол на домашен терен му трае уште од 9 април 2019 година, кога погоди за победа над Порто од 2-0. Во Премиер лигата тој не знае за гол на свој терен уште од 31 март 2019, значи речиси цела година.

Навивачите му простуваат бидејќи тој се жртвува за тимот, со своето движење отвора простор за Салах и Мане, но некогаш мора и да го прави тоа за што е платен, а тоа е да дава голови.

- Оглас -

Најнови вести