Вистински момент за Милан конечно да проработи

Емполи – Милан (21 часот)

Милан мора да направи серија од три победи, во спротивно лошо му се пишува на Гатузо

Само една победа во четири меча во Серија А доволно говори во каква криза се наоѓа Милан. Џенаро Гатузо доби ултиматум од управата, мора да освои девет бода на следните три лигашки натпревари, во спротивно „росонерите“ ќе трагаат по нов тренер. Емполи е првиот тест кој мора да го положи Гатузо, навидум овој дуел треба да биде лесна задача за Милан, но во фудбалот ништо не е така едноставно. „Заглавен“ во долниот дел на табелата, Милан прими гол на сите досегашни средби во Серија А, Емполи само еднаш успеа да ја сочува мрежата, во ремито од 0-0 против Киево. Ова е знак дека голови се очекуваат и вечерва.

Предлог тип: X2&ГГ (2.30)

 

Сион – Цирих (20 часот)

Непишано правило, двете екипи ќе дадат барем по еден гол

Ова е последниот дуел од осмото коло во швајцарската прва лига, а Сион има огромна желба да ѝ стави крај на „црната“ серија од четири порази. Сепак, задачата нема да биде воопшто лесна, со оглед на фактот дека играат против екипа која редовно им ја тресе мрежата. Голови редовно има во дуелот меѓу овие две екипи, барем така вели статистиката. На последните десет меѓусебни средби во лигата и во домашниот куп, Сион и Цирих само два пати одиграа 1-0, додека секогаш има два или повеќе голови кога Сион е домаќин.

Предлог тип: ГГ3+ (1.88)

 

Гронинген – Твенте (18.30 часот)

Холандски дуел кој „мириса“ на голеада

Холандските екипи се стандард кога се работи за головите, особено кога се играат натпревари во Купот. Гронинген го пречекува Твенте, тимот кој ланската сезона отпадна во втората лига, а само пред неколку години беше на врвот во Холандија. Во последните пет меѓусебни средби, дури два пати натпреварот завршувал 7+, додека само еднаш резултатот покажувал „сиромашни“ 1-0. Со оглед дека се работи за натпревар од Купот, се очекува мрежите да не мируваат, додека Твенте ќе сака да ја искористи и лошата форма на домаќинот, иако Гронинген се смета за фаворит на овој дуел.

Предлог тип: X2&3+ (3.90)

 

Жирона – Бетис (22 часот)

Бетис знае само за победи во Жирона

Каталонскиот и андалузискиот тим немаат порази во последните три кола, па можеби таа низа ќе продолжи доколку одиграат нерешено, но станува збор за две борбени екипи кои знаат да одиграат и над своите можности.

Жирона има проблем со повредите. Повредени се Мохика и Планас, а неизвесен е настапот на Лозано, Рамалјо и Суарес.

За оние што слепо ја следат традицијата во меѓусебните дуели, има еден фрапантен податок, кој ќе ги натера да играат „двојка“. Бетис ги добил сите четири гостувања на „Монтиливи“. Без разлика дали овие два тима се сретнале во 2009, 2011, 2014 или во 2018 година, Жирона дома секогаш губеше од Бетис. Тоа е мотив плус за Жирона, која во минатото коло остана непоразена на „Камп ноу“.

Има податоци кои ѝ одат во прилог на Жирона. Тренерот Еузебио во осум средби, загубил само еднаш од Бетис, и тоа со Барса Б во втората лига. Неуморениот уругвајски напаѓач Кристијан Стуани, кој е во голема форма, го продолжи договорот до 2021 година и ќе сака да постигне четврти гол против „зелено-белите“.

Предлог тип: 1+I&3+ (2.35)

 

Валјадолид – Леванте (20 часот)

„Фенерџијата“ ќе се докажува пред претседателот

Екипата на Валјадолид има голем поттик да покаже дека трите гола против Селта во минатото коло не се случајност. Пред тоа, новиот прволигаш на четири меча по ред не успеваше да даде гол. Леванте е во спротивно расположение. Енис Барди и другарите беа растурени од Севилја со 2-6 и во претходните четири кола освоија само еден бод.

Според традицијата, би требало да има голови. Од последните пет меѓусебни дуели, четири завршија со голови на двете страни, а еднаш Леванте победи со 4-0.

Валјадолид сака да ја освојува првата победа пред своите фанови и дуелот со Леванте им доаѓа во добар момент. Верде и Морено се играчите кои ќе недостасуваат кај домашниот тим. Кај Леванте, повредени се Коке и Садику, а Барди би требало да биде во почетниот тим.

Ова е прв меч за Валјадолид пред своја публика, откако претседател на клубот стана Луис Назарио де Лима Роналдо. Валјадолид е последен на табелата само со три бода.

Предлог тип: 1 (2.20)

 

Шавес – Бенфика (21.15 часот)

Бенфика ќе се загрева, можеби и ќе се чува за дербито со Порто

Во Бенфика се претпазливи пред вечерашното гостување кај Шавес, најавуваат дека ќе им биде тешко да освојат три бода, но тешко дека е така и дека не се само зборови на куртоазија. Бенфика ги доби досегашните шест меѓусебни дуели.

„Орлите“ од Лисабон се непоразени на последните седум меча, во лигата се на делба на врбвот со Брага, а Шавес многу ретко игра нерешено. Последното реми им беше пред 10 натпревари.

Колку и да сакаат да се сконцентрираат на гостувањето кај Шавес, во Бенфика приоритет им е дербито со Порто на седми октомври. Затоа можеби е подобро да се игра на голови отколку чиста „двојка“.

Предлог тип: Т2 1+I&1+II (2.30)

 

- Оглас -

Најнови вести