Вистински потег за разделба – Пити со супер гол се прости од Ривер плејт (Видео)

Гонзало Пити Мартинес го одигра последниот меч за Ривер плејт и ќе се пресели во МЛС лигата во редовите на Атланта, а разделбата беше емотивна со два магични потези на одличниот играч за врска.

Пити влезе во игра на дуелот за третото место на Светскиот клупски куп против Кашима и за само 4 минути се запиша во листата на стрелците. Навивачите на Ривер со овации го поздравија потегот на нивниот омилен играч, а кулминација се случи во самиот финиш на дуелот, кога Мартинес со супер гол го потврди раскошниот талент.

Постигна гол со лоб откосо, за да се памети разделбата со Ривер. Пити беше стрелец и на последниот гол за „милионерите“ на реванш финалниот меч во Копа Либертадорес против Бока јуниорс, со што ја запечати победата од 3:1 и ја потврди титулата, нов јужноамерикански шампион за Ривер плејт.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести