Витесе ќе му даде барем два гола на Утрехт, и оди во Европа

Витесе ќе даде голови во двете полувремиња против Утрехт, Леман нема да загуби од Ајачио во битка за место во втората француска лига, а во квотите на денот на обложувалниците Sport Life се наоѓа и кошаркарски меч од ВТБ лигата, во кој ЦСКА е фаворит на хартија.

 

Витесе – Утрехт (20.45 часот)

Витесе преживеа на жешкиот терен во Утрехт, одигра 1-1, па сега на свој терен треба да го потврди пласманот во Лига Европа. Гостите не смеат да тактизираат, мора да нападат, и ќе остават простор за домашните кои ќе чекаат шанса од контри, а опасни се во тој елемент, особено норвешкиот талент Одегард и Словенецот Матавж. На шест од последните седум меѓусебни дуели, било гол-гол.

Предлог тип: T1 1+I & T1 2+ (2.25)

 

Леман – Ајачио (20.45 часот)

Ајачио го брани второлигашкиот статус, а Леман напаѓа како доста опасен и воигран третолигаш кој не знае за пораз на последните пет меча. Ќе има тензии, Ајачио повеќе од еден месец игра слабо, но го има искуството од играње во поквалитетна лига што може да му биде од помош во овој бараж двомеч. Двата тима ќе одат на што повеќе голови, за подобра стартна позиција пред реваншот на 2 јуни.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (2.30)

 

Зенит – ЦСКА Москва (18.30 часот)

ЦСКА која стана европски првак, освојувајќи ја Евролигата, сега атакува на титула и во регионалната ВТБ лига, и на добар пат е да го освои трофејот и тука. Во ова полуфинале води со комотни 2-0, но сега гостува во Санкт Петербург.

Зенит на дуелите во Москва, даваше нешто над 80 поени, но и тоа не му беше доволно за брејк, бидејќи „армејците“ беа доста ефикасни. Паѓаа 180 односно 164 поени на првите два дуели. ЦСКА три години нема победено на гости кај Зенит и време е таа лоша традиција да биде прекината.

Предлог тип: 2 & >167.50 (2.65)

 

Рапид Виена – Матерсбург (19.00 часот)

Подобриот од ова полуфинале од разигрувањето за место во квалификациите за Лига Европа, оди на Штурм. И Рапид и Матерсбург имаат „шарени“ резултати во последно време, формата им е слична, па домашниот терен е повеќе номинална предност за екипата од Виена.

Од март наваму, овие ривали се сретнаа трипати и двапати победи Матерсбург, еднаш Рапид, и сите мечеви беа со минимални разлики, 2-1 или 1-0. Во меѓусебните дуели, одамна не е видена двојка.

Предлог тип: 1 (1.53)

 

Португалија У20 – Аргентина У20 (18.00 часот)

Според историјата што ја имаат, ова е дерби на денот на Светското младинско првенство. И едните и другите со победи го отворија настапот на СП, и сега играат за прво место во групата. На Аргентина повеќе ѝ одговара и нерешено, бидејќи има подобра гол-разлика. Младите „гаучоси“ дадоа пет гола на првиот меч, но сега против себе имаат посилен ривал и веројатно нема да има голеада.

Предлог тип: 2-3 гола (2.00)

- Оглас -

Најнови вести