Вицепрвакот на Јужна Америка ќе ја продолжи авантурата на Копа Либертадорес

Бока јуниорс – Атлетико ПР (02:30 часот – Копа Либертадорес, осминафинале реванш (1-0))

Минималниот резултат 1-0 од првиот натпревар не му гарантира на актуелниот вицепрвак пласман во следната фаза, но го става во поволна позиција, особено што реваншот се игра на култната „Ла Бомбонера“. Поддршката од домашните навивачи ќе биде дополнителен мотив за фудбалерите на Бока да издвојат уште еден позитивен резултат против Бразилците, како што веќе го направија тоа во рамките од групната фаза претходно годинава.

Бока е меѓу најефикасните екипи во натпреварувањето, што значи дека нема да имаат проблем во обидот да ја затресат мрежата, во трите претходни средби против Атлетико само еднаш не успеаја да бидат ефикасни.

Предлог тип: 1X & 2-4 (1.91)

 

Фламенго – Емелек (02:30 часот – Кола Либертадорес, осминафинале реванш (0-2))

Еквадорскиот состав изненади во првиот меч остварувајќи победа од 2-0, иако Фламенго важеше за фаворит во овој двомеч. Сега Бразилците се во незавидна ситуација и ќе треба да бркаат двојна негатива за да изборат пласман понатаму, инаку повторно ќе ја завршат интернационалната авантура по првата нокаут-рунда.

Триумфот на Емелец беше прв по седум години пауза, додека претходните четири средби завшија во корист на Фламенго. Со оглед на тоа дека коефициентот за обичен „кец“ е доста мал, се очекува убедлива победа на домаќините.

Предлог тип: Т1 1+I & T13+ (2.38)

 

Интернасионал – Насионал (00:15 часот – Копа Либертадорес, осминафинале реванш (1-0))

Искусниот Гереро ја донесе потребната победа за Интернасионал во првата пресметка со својот трет погодок на шампионатот кој го постигна во последната минута од регуларните 90. Бразилскиот претставник на тој начин веќе се гледа со една нога во четврт-финалето, а не би требало да имаат проблеми на домашен терен.

Една од најтрофејните уругвајски екипи воопшто не се снаоѓа кога гостува во Порто Алегре, а досега само ѝ припаѓа една победа во вкупно седумте меѓусебни дуели. Домаќините, пред сè, ќе го чуваат резултатот и се очекува да бидат трпеливи во своите напади, па можно е учинокот да биде минимален.

Предлог тип: 1X & 1-2 (2.25)

 

Серо Портењо – Сан Лоренцо (00:15 часот – Копа Либертадорес, осминафинале реванш (0-0)

Парагвајците издржаа да не примат гол во мечот кој се одигра пред шест дена во Буенос Аирес, а сега на домашен терен ја имаат предноста против континенталниот првак од 2014 година. Домаќините воедно треба да ја искористат лошата форма на тимот на Сан Лоренцо, кој има само еден триумф во последните седум средби во сите натпреварувања.

Дуелот без голови досега беше единствена пресметка меѓу овие две екипи, а Серо Портењо поради улогата на домаќин има поголеми шанси за позитивен исход во претстојниот меч.

Предлог тип: 1-2I & 1-2II (2.90)

 

- Оглас -

Најнови вести