Вкусно изненадување за Жоржињо: Пехар полн со макарони (видео)

Во западниот дел од Лондон уште се слави втората титула на Челзи во Лигата на шампионите, која ја освои во саботата, по триумфот од 1-0 над Манчестер сити во финалето.

По девет години пауза, Сините повторно се најдобри на Стариот Континент, а меѓу играчите кои се најзаслужни за походот до трофејот со големите уши е италијанскиот репрезентативец Жоржињо.

Жоржињо се појави во италијански ресторан во Лондон и беше пречекан како шампион. Доби вкусно изненадување од персоналот, голем сад полн со макарони.

- Оглас -

Најнови вести