Влаховиќ пристигна, а Јувентус сега тргнува по еден од најдобрите фудбалери на денешницата

Душан Влаховиќ и официјално ќе биде претставен како нов фудбалер на Јувентус, но италијанскиот великан не застанува тука.

Старата дама планира дополнително да ги засили своите редови со еден од најдобрите играчи на денешницата, Жоржињо.

Италијанецот кој е член на Челзи наводно нема ништо против да се врати во Италија и со тоа да стави крај на богатото поглавје во Англија, каде што ја освои Лигата на шампионите минатата сезона, како и Лигата на Европа во 2019.

Новото издание на „Газета дело спорт“ тврди дека Јуве е подготвен да плати 40 милиони евра за да го доведе Жоржињо во своите редови.

Исто така, добро познато е дека овој играч од средината на теренот минатото лето со Италија успеа да се искачи на тронот на Европа и да дојде до втората европска титула во историјата.

- Оглас -

Најнови вести